Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 27. Февруари 2006 - Објавено на 08:57 GMT
 
Испрати имејл на пријател Верзија за печатење
Мечката- заштитен знак на Пелистер
 
Кафеава мечка
Следејќи го европскиот тренд секој национален парк да има свој заштитен знак, македонското Министерство за животна средина и просторно планирање донесе решение трите национални паркови во Македонија да добијат по еден препознатлив животински симбол.

За паркот „Галичица" тоа е орелот, за „Маврово" - дивокозата, а за националниот парк „Пелистер" тоа е кафеавата мечка.

Мечката што живее на Пелистер е една од 10-те подвидови на кафеавата мечка - животно што го име насекаде во светот, освен во Австралија.

Има долго кафеаво или светло-кафеаво влакно на крзното, масивно тело, куси предни нозе кои завршуваат со канџи и рудиментирана опашка.

На прашањето дали на Пелистер има мечки, директорот Славко Дамески одговара:

-„Дефинитивно да, и многу повеќе отколку што има или би требало да ги има. Националниот парк Пелистер е една релативно мала територија од 10 - 12.000 хектари на која логично би требало да има од 6- 10 примероци мечки.

Во овој момент, следејќи ги нивните движења и реали на живеење, во Националниот парк Пелистер има преку 20 кафеави мечки.“

Овој број се должи на дводецениската забрана за нивно ловење, што беше омилен спорт на политичарите од социјалистичка Југославија.

Од територијата на Пелистер се ловеа мечки и овој простор беше главниот снабдувач на мечки-играорки за бившите ју-простори.

Се уште во многу од домовите во подпелистерските села може да се најдат препарирани мечки обесени на ѕидовите како трофеи.

За програмата ја имаат директната соработка со неколкуте ловни друштва во Битола кои по пат на концесија управуваат со ловиштата во регионот и најчесто се справуваат со криволовците.

Јани Баљари е претседател на ловното друштво „Сокол“:

-„Ние им укажуваме на ловците дека се’ што е заштитено како природно богатство оти ќе го немаме, нашите деца нема да можат да видат што е срна што е мечка. Како што мечката беше во изумирање, ја немаше, а сега ја има во доволен број.“

На Пелистер има преку 1000 видови виши растенија и богата фауна : рис, срни, ласици и волци во поголем број.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>