Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 14. Ноември 2005 - Објавено на 08:28 GMT
 
Испрати имејл на пријател Верзија за печатење
Македонски борец на парадата во Лондон
 
Јордан Цеков-Дане
Јордан Цеков-Дане, поранешен командант на Третата македонска бригада
Вчера во Лондон беше одбележана Денот на сеќавање за војниците, загинати во судирите во кои учествувала британската армија.

На традиционално грандиозната комеморација, на која присуствуваа Кралицата и политичкиот врв на Британија, во централен Лондон маршираа голем број ветерани.

Меѓу нив, веројатно за прв пат, беше и еден некогашен македонски партизан.

Последна стража

Топовскиот истрел и војничката труба го означија крајот на двете минути молчење во чест на паднатите за Велика Британија.

На споменикот подигнат за нив, кралицата Елизабета и британскиот политички врв положија венци од црвени булки, симболот на фронтовските страдања во Првата светска војна.

А потоа почна маршот на околу осумте илјади ветерани.

Повеќето во изминати години, ветераните маршираа со музиката од филмот „Мостот на реката Квај", испратени со аплауз од преку две илјадната публика.

Меѓу многуте борци, накитен со партизански ордени, беше и Јордан Цеков-Дане.

-„Самата покана и јас да присуствувам на оваа комеморација е доказ дека македонскиот народ и ние борците од Втората светска војна бевме дел од анти-фашистичката коалција.

Така и македонскиот народ имаше удел во борбата за уништување на најголемото зло на 20-тиот век."

Поука

Јордан Цеков Дане командувал со Третата македонска бригада при ослободувањето на Скопје. Шеесет и првата годишница од тој настан тој ја прослави во Лондон, каде ги споредува традициите во Македонија и Британија.

-„Добро би било добро ние да учиме од Британците како се почитуваат загинатите за слободата."

Контактите на Јордан Цеков со Британците потекнуваат од Втората светска војна, кога тој соработувал со британската воена мисија, која во кумановско престојувала од ноември 1943-тата година.

-„Нам оваа британска мисија ни' обезбеди голема воена помош во оружје, пушкомитралези, а цела бригада беше облечена во англиска воена униформа.

Кога нападнавме на Кратово, цела бригада беше облечена во англиска униформа. Јас сум ранет кај Кратово во англиска униформа."

Потрага

Цеков и денеска, 60 години по Втората светска војна, e благодарeн за британската воена помош, која, како што вели, многу помогнала во борбата против бугарските фашисти.

Тој сега преку дипломатски и приватни канали, трага по неговите соборци од британската воена мисија, за кои се надева дека се’ уште се живи.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>