Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 30. Јуни 2008 - Објавено на 08:15 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Здравствената нега во САД
 
Лекар со стетоскоп
Соединетите американски држави се една од најбогатите земји во светот, но според основните критериумите за здравјето на луѓето, како што е животниот век, заостануваат и зад многу посиромашни земји.

Повеќе од 40 милиони Американци воопшто немаат здравствено осигурување а многу повеќе имаат само мало осигурување.

Сојузната држава Масачусетс сега предвиде поголема улога за државата со цел сите да бидат осигурени.

Масачусетс е на источниот брег од Америка, каде што почна револуцијата за ослободување од Британците.

Идеалите за лична слобода и мала влада останаа средишни за американската култура дури и денеска а тоа се одразува и врз здравствената заштита.

Oпштата болница во Бостон, како и многу други во САД, е приватна, заработувајќи од парите на пациентите.

Полна е со технологија вредна повеќе милиони долари - но не сите пари се добро потрошени.

Доктор Дејвид Торчиана е извршен директор во болницата:

-„Доколку ги отпечатите правилата околу сметките за радиолошките испитувања, ќе добиете куп хартија висок речиси 18 сантиметри. Трошиме многу време и напори на вакви нешта."

Основна заштита

Друг голем проблем е примарната здравствена заштита, значи редовните контакти меѓу лекарите и пациентите.

Масачусетс се разликува по ова од другите сојузни држави според поефикасните локални здравствени центри.

Пациент и лекар

Во нив работат медицински сестри од општа пракса, кои што ја работат речиси истата работа како и лекарите, а имаат двојно помали плати.

Тоа пак значи големо намалување на трошоците. Џин Пасторел е една од нив:

-„Кога се справувате со примарната нега го промовирате здравјето и заштитата од болестите, за луѓето да можат да живеат подолго. Порано се чекаше додека работите излезат од контрола, па луѓето завршуваа на брза помош, што пак предизвикува повисоки сметки."

Ваквите локални здравствени центри се сметаат себе си за прва линија на здравствената заштита, но низ цела Америка ги има во жалосно мал број.

Целиот акцент е ставен на големите болници кои се толку скапи, што во нив можат да влезат само луѓето со добри осигурувања.

Масачусетс сега воведува некои реформи кои би можеле да бидат показател за целата земја.

-„Ние во основа велиме дека осигурувањето на луѓето е морален императив."

Џон Кингсдејл е извршен директор на новата програма за здравствено осигурување.

Таа дава субвенционирано осигурување за оние кои што не можат да си дозволат полна заштита или пак немаат право да бидат бесплатно осигурани.

-„Го разгледавме постоечкиот систем и рековме дека ќе ги пополниме дупките што можеме да ги пополниме. Доколку можете да си дозволите осигурување, тогаш како возразен даночен обврзник ќе морате да купите осигурување, а ќе има даночни казни доколку не го сторите тоа. Во последниве 18 месеци вкупно се пријавија 340 илјади нови осигуреници."

Но и натаму се чини дека квалитетот на услугата што ќе ја добиете зависи од тоа колку пари имате:

-„Па, важен е принципот на избор. А понекогаш изборот и квалитетот може да се судрат."

Бостон

Реформи за сиромашните

Група верници, повеќето црнци, живеат во еден од посиромашните квартови во Бостон, токму една од оние области каде повеќето луѓе не се осигурени.

Здравствените реформи во Масачусетс се само лепило - тие не ги решаваат основите структурни проблеми на системот.

Но во места како ова, каде што на луѓето навистина им треба помош, реформите прават разлика.

Пречесниот Хармон Хамилтон силно се залага за реформите:

-„Здравствената реформа во Масачусетс значи поделба на одговорностите. Поединецот има улога - сите имаме право на здравствена заштита. Владата треба да ги субвенционира сиромашните. Важен е и работодавачот. Одговорноста е поделена."

Се чини дека реформите во Масачусетс функционираат, но благодарејќи на дополнителните пари од сојузната влада, така што нивното преживување зависи од политичката воља.

Тогаш, сите погледи кон претседателските избори во ноември.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Психичкото здравје - табу
01 Јули, 2008 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>