Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 30. Мај 2008 - Објавено на 13:20 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Македонски уметници во Лондон
 
Армандо Алемдар Ара - „Ноќен танц“
Армандо Алемдар Ара - „Ноќен танц“
Петмина македонски уметници кои живеат и работат во Лондон, деновиве имаа заедничка изложба организирана од македонската амбасада и претставништвото на Европската комисија во британскиот главен град.

======================

АРМАНДО АЛЕМДАР АРА

Армандо Алемдар Ара е уметник, историчар и соосновач на неомодернизмот, новото движење кое ги обединува духовните и естетските вредности во уметноста. Потпирајќи се на своето суфистичко наследство, тој ги оживотворува античките мистични верувања во внатрешната духовност. Неговите дела се во јавни и приватни збирки во Македонија и неколку земји во светот.

==============================================

Нада Прља - инсталација
Нада Прља - инсталација

НАДА ПРЉА

Нада Прља е родена во Сараево, но од мала возраст живее во Скопје. Од 1999 година живее и работи во Лондон. Делата на Прља се однесуваат на комплексните ситуации на неправда и нееднаквост во општествата во транзиција, во дијапазон од економски до верски прашања. Особено познати се најзините проекти „Напредна наука на морфологијата“ и „Еден град, два гласа“.

==============================================

Велика Јанчева - „Инвазија“
Велика Јанчева - „Инвазија“

ВЕЛИКА ЈАНЧЕВА

Родена 1980 година во Кавадарци. Средно уметничко училиште завршува во Скопје, а се дообразува во Англија на универзитетот „Солент“ во Саутемптон како и Колеџот за уметност и дизајн во Челси. Има самостојни и групни изложби во Македонија но и во Лондон и Манчестер. Вели дека нејзините дела се производ на извесен вид „преговори“ меѓу она што има значење и апсурдното.

==============================================

Слободан Стевановски - „Будва“
Слободан Стевановски - „Будва“

СЛОБОДАН СТЕВАНОВСКИ

Слободан Стевановски или Боби Попо е роден на 25 април 1945 во Прилеп. Син на свештеник и најмало дете во семејство од петмина, во кое сликарството и тетарот биле дел од секојдневниот живот. Во текот на своите три години додека студирал драмски уметности бил прогонуван од желбата да слика. Делата на познатиот Хиеронимус Бош му го покажаа патот и кон сликарството.

==============================================

Жанета Вељановска-Жани - „Полноќен танц“
Жанета Вељановска-Жани - „Полноќен танц“

ЖАНЕТА ВЕЉАНОВСКА-ЖАНИ

Жанета Вељановска Жани дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Македонија. Учествувала на бројни изложби а нејзини дела има во преку 15 земји во светот, во приватни или јавни колекции. Во 1999 беше поканета да изложува во престижната Blains Fine Art Gallery во лондонскиот кварт Мејфер. Работи во разновидни техники, често и со невообичаени материјали.

 
 
НАДВОРЕШНИ ЛИНКОВИ
БиБиСи не е одговорен за содржината на надворешните интернет страници
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>