BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Испрати имејл на пријател Верзија за печатење
Македонска редакција на БиБиСи - Кои сме ние?
 
 
Кои сме ние
Македонската редакција почна со емитување на своите програми на 8-ми јануари 1996.

Ние емитуваме 55-минутна програма вести дневно – 15 минути утрински вести во 8.30, 5-минутни вести во 11.00 и 14.00, и по 15 минути попладневни вести во 17.30 и 18.30 македонско време.

Имаме две неделни програми во понеделник „Зад насловите“ – главно на меѓународни теми и среда „Европска панорама“-европски теми, 30-минутна музичка програма „Музички каталог“ и 20-минутната „Разгледници од Британија“ во сабота.

Уредник на редакцијата е Жанета Скерлев, деск уредник е Маја Петрушевска, а продуценти се Златко Андреевски, Валентина Велевска, Зоран Стевановски, Билјана Георгиевска и Марија Дивитарова.

Имаме и дописник во Скопје, Атанас Кировски.

Работиме во центарот на Лондон, во Буш хаус на БиБиСи.

Програмите се ре-емитуваат на 24 радио-станици во Македонија на ФМ фрекфенции.

Се емитуваме на Втората програма на Македонското национално радио – Радио 2, на 16 локални радија низ цела Македонија, и на три приватни радио-станици. Радио Класик ФМ ре-емитува дел од програмата на БиБиСи на англиски навечер, како и дел од вестите на англиски, покрај нашите програми во текот на денот.

Имаме и неколкумина репортери низ Македонија, коишто работат за нашите партнерски радија или самостојно.

 
 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност